Тајната во нивните очи

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: La pregunta de sus ojos | Бр. на страни: 264 | Димензии: 200x140 | Корица: мека

Мега хит, според кој е снимен истоимен филм, во 2010 година награден со оскар за најдобар странски филм. Во 2015 година уште еднаш беше екранизиран – во холивудска продукција.

Романот е преведен на многу јазици, меѓу кои и на англиски, португалски, италијански, француски, германски, кинески, полски, унгарски, бугарски и српски јазик.

Овој трилер, виртуозно раскажан од Сачери, го прикажува долгогодишното разрешување на еден грозен чин од времето на турбулентната и крвава политичка ситуација во Аргентина во 70-тите години на минатиот век.

Њујоркер за романот пишува дека е „интригантен и возбудлив трилер од Аргентина, кој ги проби границите на државата и на континентот, и доби светско признание. Истовремено криминална приказна и приказна за една неостварена љубов.“

„Приказната е раскажана со моќ и страст. Повеќекратно испреплетена со животниот пат на еден интелигентен и силен маж, но на крајот љубовта се покажува како најмоќно средство“ – напиша Буенос Аирес хералд.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 300 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Тајната во нивните очи

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-006-3

Questions and Answers

You are not logged in