Собата
„Собата“ е роман за модерната бирократија и за човечката имагинација. Бјорн е државен службеник кого дневната рутина комплетно го потиснува и не може да се пронајде во секојдневната комуникација со паразитите во современото бирократско општество. Романот делумно е психолошка драма бидејќи го прикажува постепеното преоѓање во лудилото на еден човек кој страда од ментално нарушување; делумно е комедија бидејќи ја исмева корпоративната култура и меѓусебно отуѓените службеници која таа ги произведува.
Карлсон успева да направи совршена комбинација од смешното, нереалното и шокантното.
Стилски одлично напишано, духовито и досетливо, „Собата“ е инспиративно четиво кое претставува модерна бајка која е задолжителна литература за сите канцелариски работници.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.