Мајчината рака

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Мајчина рука | Бр. на страни: 192 | Димензии: 0 | Корица: мека

Последниот роман на Маројевиќ ја следи формулата на неговите претходни дела; детабуизирање теми што општеството ги смета за незгодни. Во овој роман табуто се однесува на имотите на германските цивили (т.н. фолксдојчери), кои им се одземени од тогашните власти во 1945 година.

Протагонистот на романот е гимназијалец кој, покрај желбата да ја загуби невиноста, упорно сака да ја открие и големата тајна за која сите молчат, а која е врзана со куќата на неговата тетка во која, заедно со својата мајка, се вселува по нејзиниот развод и големиот земјотрес во Црна Гора од 1979 година. Имено, сосема случајно, момчето открива траги што говорат дека претходните сопственици на куќата биле Германци. Но, кои биле тие и зошто го напуштиле домот? Како се вселило неговото семејство? Како сенката на историјата влијае врз созревањето? И дали и љубовта може да биде условена од историјата? Ова се само неколку прашања што овој роман ги поставува на возбудлив, духовит и интригантен начин.

Цена: 250 ден

100 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Мајчината рака

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-680-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мајчината рака”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in