Вселенски ангели
Автор:
Ејнар Мар Гудмундсон
Издавач:
БАТА ПРЕСС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
186 |
Димензии:
205 X 130
|
Корица:
тврда
Паул е чувствителен младич со уметничка душа. Откако неговата девојка ќе го откачи, тој ќе полуди. Буквално ќе полуди. И можеби е нормално да се полуди за љубов и од неверство. Додека се губи некаде помеѓу разумот и срцето и полека тоне во депресијата, неговото семејство ќе го однесе во душевна болница. Пали е еден човек кој што е само малку налудничав. Или можеби, поинаков од другите. Несфатен.
Иако овој роман ги опишува сите горчини на судбината на Паул, има и урнебесни ситуации, прикажани со извонреден хумор. Трагичен и комичен, фантастичен и вистински, романот „Вселенски ангели“ заслужено го импресионираше светот и го доби епитетот исландски класик. Всушност ова е една од најпродаваните книги во историјата на Исланд. Романот е преведен на 33 јазици и филмуван, а во 1995 година ја доби првата награда на Нордискиот совет за книжевност.
Ејнар Мар Гудмундсон е роден 1954 година. Тој е еден од најпреведуваните современи писатели од Исланд. Започнал да објавува поезија во осумдесеттите години на минатиот век, а потоа во периодот од 1982 до 1986 година го издава познатиот роман – трилогија за развојот на урбаната култура во Рејкјавик и со неверојатните ликови од нејзината сегашност („Витезите од спиралните скалила“, „Шумот на крилјата во олуците“ и „Епилогот на дождовните капки“). Според романот „Вселенски ангели“ во 1999 година е снимен истоимениот филм.
Ја објавил и трилогијата: „Стапки на небото“, „Соништа на земјата“ и „Безимени патишта“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.