Царевиот лудак
Автор:
Јан Крос
Издавач:
Прозарт Паблишинг |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
449 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
мека
Во Царевиот лудак, ремек-дело на најпознатиот и најценетиот естонски книжевник од 20 век Јан Крос (1920-2007), го запознаваме Тимо вон Бок, вистинска историска личност од времето на Александар Ι, кого царот заради искреноста го протерал и го прогласил за луд. Имено, за да го исполни ветувањето кое му го дал на царот уште во детството – дека секогаш ќе му ја кажува вистината – тој горлив идеалист му испраќа писмо во кое го критикува неговото владеење, но тоа не е вистината која царот сака да ја чуе. Романот е пишуван во форма на дневник кој го води шурата на Тимо, а бројните алузии на советскиот режим и неодоливиот хумор на авторот придонеле за големата популарност на делото во Естонија, но и во светот, за што говори и податокот дека Царевиот лудак е преведено на дваесетина јазици и овенчано со бројни награди. „Своите дела Крос ги пишувал за да ја надмудри цензурата, но фасцинацијата со неговиот опус на Запад само делумно произлегува од тоа“ - Дорис Лесинг
Оценки
Сѐ уште нема оценки.