Соловјов и Ларионов

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Соловьев и Ларионов | Бр. на страни: 336 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Соловјов е млад историчар што доаѓа во Санкт Петербург да ја истражува личноста на генералот на Белата армија, Ларионов. На почетокот научно воздржан, подоцна темата целосно го опседнува: Ларионов не бил обичен генерал. Не само што ја бранел монархијата за време на Руската граѓанска војна туку тоа го правел оставајќи крвави лузни. Но, тогаш, како преживеал без последици во Советскиот Сојуз, со советска пензија, на плажите на Јалта, оставајќи зад себе син и дневник? Младиот Соловјов патува на Крим  за да ги бара исчезнатите страници од дневникот на генералот, а на неговото патешествие го дочекуваат многу изненадувања, како што е шармантната Зоја, која работи во Музејот на Чехов на Јалта. Покрај истакнатите имиња од руската историја, во романот се вметнати и личности од семејството на Водолазкин. За минатото може да се пишува и со една детективска драматика, а тоа го докажува токму ова дело. Со несекојдневен хумор и со философска сериозност, „Соловјов и Ларионов“ истражува еден фасцинантен период од руската историја, притоа дефинирајќи нов книжевен жанр: историскиот детективски роман! „Водолазкин пристапил во срцето на она што модерната култура го претвори во клише: руската душа!“ Њујоркер

Цена: 300 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Соловјов и Ларионов

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-293-9

Questions and Answers

You are not logged in