Тајната на слатките јагоди

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Најдобрата кинеска литература за деца - антологиска едиција | Бр. на страни: 206 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Книгата на реномираната кинеска писателка Танг Сулан содржи избор од пет подолги современи волшебни приказни: „Златниот Мечок и Пролет“, „Коњот што живееше на врвот на облакодер“, „Тајната на слатките јагоди“, Кројачницата на бубамарата“ и „Куќата од тиква“, како и 19 раскази од циклусот „Чудесната градина“, посветени на природата и на животинскиот свет. Изборот на делата е на авторката, а во својот предговор таа, меѓу другото, пишува: „Децата од кое било време, од кое било место имаат силна љубопитност и волшебно чувство за фантазија, желни се да одат отаде обичното и посакуваат да знаат дали има друг свет отаде нашиот. Верувам дека сите деца мечтаат да ја запознаат бабата која живеела во „куќата од тиква“ и бабата која можела „да собира облаци за да ги преде“ затоа што тие се навистина неверојатни. Исто така, верувам дека виталноста и убавината на природата не познаваат граници. Во природата живеат цвеќиња и птици, инсекти и риби, живина и ѕверови; во неа има зелени планини и реки и прекрасни глетки во сите четири годишни времиња. Заедничка тема за сите нас е како да се однесуваме со природата, тој пријател на човештвото, и како да живееме во хармонија со неа. Затоа, верувам дека секое дете посакува да има Чудесна градина во која може да се пријатели со глувци, зелени жаби, црвени верверици, јазовци и ежови. Секој кој ќе ја прочита Тајната на слатките јагоди ќе сака да ја задржи таа тајна засекогаш за да можат лисицата мајка и нејзините деца да си живеат среќно во планинската шума без да бидат вознемирувани од луѓето. Љубовта е заедничкиот јазик на човештвото; искреноста и љубезноста се заеднички стремежи. Љубовните приказни можат да трогнат сечие срце. Затоа, верувам дека секој што ќе ја прочита „Златниот Мечок и Пролет“ ќе биде трогнат од оваа бајка за љубовта кога ќе види дека проколнатиот златен мечок се вратил кај добродушната девојка и се претворил во згоден младич преку чудото на нејзините солзи и крв. Признавам дека во грлото ми застана грутка, а очите ми беа насолзени додека ја пишував, а верувам дека секој што ќе ја прочита приказната ќе биде исполнет со топлина и со убави чувства.“ Танг Сулан, родена во 1965 година, во Нингсјанг, провинција Хунан, е универзитетски професор и реномирана писателка. Нејзините најпознати дела се долгите бајки, како „Приказната за глупавиот волк“, „Малиот Дуодуо и магот“, „Духови во потпокривот“ и „Колку убава вештерка“. Некои од нејзините дела се избрани во кинеските учебници за основно училиште и во градинките, како и во мошне влијателните воншколски кинески книги како „Нов кинески“ и „Весел кинески“. Таа е добитник на највисоките награди за книжевност за деца во Кина.

Цена: 150 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Тајната на слатките јагоди

Категории: ,
ИСБН: 978-608-252-086-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Тајната на слатките јагоди”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in