Ќерката на математичарот

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Ќерката на математичарот | Бр. на страни: 404 | Димензии: 21 | Корица: тврда

На писателот по електронска пошта му се јавуваат неговите ликови од претходните романи, пред сè од Вештица, и го известуваат дека незадоволни од судбините кои им ги определил таму, почнале да пишуваат роман за можностите да се избегне судбината. Почнуваат да му праќаат текстови кои тој треба „стилски да ги потсуреди“ и од нив, често неповрзани, да направи целина! Така, ликовите раководат со писателот, а не тој со нив. Притоа, тој како обичен „уредник“ под притисок на своите ликови, се соочува со фактот дека тие пишуваат не еден, туку два романа: „голема“ и „мала“ книга. И имаат за цел да покажат дека две сосема различни приказни можат да имаат ист, заеднички крај.

Големата книга говори за речиси детективската потрага по еден мистериозен човек кој ја персонифицира смртта, а малата за можноста една славна рок-ѕвезда да ја избегне судбината и на денот на својата несреќна погибија во сообраќајна несреќа да задоцни на местото на својата смрт, поради тоа што ќе се напие кафе со својата детска, прва љубов...

Андоновски продолжува, во нему својствен, мајсторски стил да ги испитува крајните можности на романот како жанр во постојано преиспитување...

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Ќерката на математичарот

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-647-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ќерката на математичарот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in