Кога месечината е ниско

Издавач: Топер | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: When the moon is low | Бр. на страни: 438 | Димензии: 24 | Корица: тврда

Воодушевувачки, застрашувачки и триумфално, „Кога месечината е ниско“ ја следи одисејата на една храбра Авганистанка во спасувањето на нејзиното семејство. Во Кабул се сретнуваме со Фереиба, учителка која зад себе го остава проблематичното детство наоѓајќи љубов во договорениот брак. Но, удобниот живот на Фереиба се разурнува кога Талибанците доаѓаат на власт и нејзиното семејство станува мета на новиот фундаменталистички режим. Принудена да избега со своите три деца, Фереиба има една надеж за опстанок: да побара засолниште во семејството на својата сестра во Лондон. Патувајќи со фалсификувани документи и зависејќи од добрината на непознати луѓе, Фереиба и децата го започнуваат своето измачувачко патешествие како бегалци. Во тајниот свет на илегалците кои живеат на улиците на европските градови, нивната судбина доживува застрашувачки пресврт кога синот на Фереиба, тинејџерот Салим, се одделува од остатокот од семејството. Со скршено срце, Фереиба нема друг избор освен да продолжи понатаму со својата ќерка и со бебето - но мајката и синот ќе ги преминуваат опасните граници една по друга, ризикувајќи ги своите животи, во надеж дека ќе најдат место каде што ќе можат повторно да се обединат.

Цена: 420 ден

6 на залиха

Спореди
Продавач Топер

Report an abuse for product Кога месечината е ниско

Категорија:
ИСБН: 978-608-208-605-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Кога месечината е ниско”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in