Книга за џунглата
Автор:
Радјард Киплинг
Издавач:
Либи |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
232 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Збирката раскази „Книга за џунглата“ е издадена во 1894 година и веднаш доживува огромен успех и популарност кај децата и возрасните во Англија, Индија и остатокот од светот. Уште од првото издание при крајот на 19 век, книгата е преведена на многу јазици и адаптирана во најразлични цртани и играни филмови.
Централните приказни се однесуваат на момчето Могли и неговите авантури во џунглата. Тој е посвоен од глутница волци, соработува со големиот питон Каа, се бори со мајмуните и страшниот куц тигар Шир-Кан и попатно го учи Законот на џунглата од своите ментори – стариот и мудар мечок Балу и итриот црн пантер Багира. Но, Могли не е единствениот лик во „Книга за џунглата“. Во многубројните раскази можеме да ги прочитаме и приказните на мунгосот Рики-тики-тави, белиот морски лав Котик, Тумај-слоноводачот и воената бригада сочинета од камили, мазги, биволи, коњи и слонови, кои ги раскажуваат сопствените воени приказни.
„Книга за џунглата“ и денес го буди интересот како на децата, така и на возрасните читатели, затоа што е вистински пример за мајсторски остварено книжевно дело.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.