Жената со црвениот бележник
Автор:
Антоан Лорен
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
La femme au carnet rouge |
Бр. на страни:
195 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Една ноќ, во една пуста улица во Париз, додека Лора се обидува да ја отклучи влезната врата на зградата во која живее, некој ја напаѓа и ѝ ја краде чантата. Утредента ја наоѓа Лоран, оставена врз една канта за ѓубре близу неговата книжарница.
Во чантата нема никакви лични документи, само вообичаени женски дреболии, но и неколку предмети кои откриваат многу за карактерот на својата сопственичка: позлатена запалка, црно пенкало „монблан“, клучеви на плочка со изгравирани хиероглифи, стара шнола за коса со платнен цвет, два зара, четири стари фотографии... и еден црвен бележник испишан со нејзиниот елегантен ракопис. Читајќи ги тајните мисли, стравови и желби на непознатата жена, Лоран почнува да се вљубува во неа. И додека таа лежи во болница со повреда на главата и изгубено памтење, тој се претвора во вистински детектив за да ја открие мистериозната сопственичка на чантата со слезова боја..
Оценки
Сѐ уште нема оценки.