Туѓо тело

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Туѓо тело | Бр. на страни: 60 | Димензии: 20 | Корица: /

Виктор е млад и перспективен маж, образуван на престижниот универзитет МИТ во САД, вљубеник во планините и алпинизмот. Има намера да го освои Монт Еверест, но пред неговата желба се испречува еден чуден проблем. Силни главоболки и вртоглавици од необјаснива природа. Лекарските наоди исклучуваат какво било присуство на болест, а сепак Виктор е спречен да функционира нормално. По многубројни прегледи, лекарите откриваат чудно тело во најнедостапниот дел во неговата глава. Туѓо тело од неуништлив материјал. И во тој момент нештата се комплицираат. Најновото прозно остварување на писателот Владимир Плавевски, краткиот научно-фантастичен роман „Туѓо тело“, ги растегнува границите на егзактното, пропуштајќи ја мистеријата да ја преземе целосната контрола во нарацијата, овозможувајќи им на читателите комплетно читателско уживање во еден здив.

Цена: 180 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Туѓо тело

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-817-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Туѓо тело”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in