Беладона

Издавач: ИКОНА | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Belladonna | Бр. на страни: 310 | Димензии: 20 см | Корица: /

Во саботата, 19-ти јануари 2002, шеесет лица притворени во логорот за илегални имигранти си ги сошиваат устите. Шеесет лица со сошиени усти талкаат низ логорот зјапајќи во небото. По нив подрипнуваат мали калливи кучиња скитници, пискаво квичејќи. Властите упорно го одложуваат разгледувањето на нивните апликации за имиграција. Тереза Акоста е жена која одлучува да не се сеќава. Тереза Акоста не се сеќава на своето детство; до десеттата година како да не постоела. Нејзината амнезија е густа и неподвижна. Во Тереза Акоста живеат пет различни Терези Акости. Секоја има свој глас и различен израз на лицето. Ниедна не се сеќава на разговорот со останатите Терези Акости. Секоја Тереза го порекнува постоењето на останатите четири. Секоја Тереза Акоста има свои погледи на бракот, на љубовта, на работата, на животот воопшто, сосем различни од погледите на останатите Терези Акости. По многу сеанси, лекарот одлучува да не се меша во животите на петте Терези, одлучува да ги остави во нивното заедничко несеќавање. Во кое живеат хармонично. Фауста Финк не се сеќаваше на својот живот пред својата четиринаесетта година. Нејзе лекарите ѝ дадоа антидепресиви, па почна да се сеќава. Рече, сега сум одлично, среќна сум, потоа се самоуби. Се фрли од петнаесеттиот кат. Во црвено кимоно. Паѓаше надуена како балон, лелеаво. Се виореше. Потоа се сплеска.

Цена: 599 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач ИКОНА

Report an abuse for product Беладона

Категории: ,
ИСБН: 978-608-221-370-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Беладона”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in