Пустина
Автор:
Ѓорѓи Абаџиев
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Пустина |
Бр. на страни:
116 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
,Дојди, дојди ти со мене! Ана, твојата тежина ме задушува и е толку мека и занесна... Нели е свинштина да останеме по атентатот. Отпрвин ќе го фрлиме во пеколна агонија дивиот молох, твојата и нашата несреќа. И потоа не е потребно да се живее. Не, Ана, не е потребно. И срамно е да се живее потоа. Смислата на нашиот живот ќе биде исполнета и крајот настапува неизбежно и природно.“
Што се случува во умот и во душата на еден атентатор – човек кој едни го сметаат за патриот, а други за терорист? Што, во крајна линија, тој мисли самиот за себе? Романот „Пустина“ (чијшто прв фрагмент излегува во далечната 1956 година, а објавен е 1961 година) од Ѓорѓи Абаџиев е луциден и храбар обид да се одговори на ова прашање. Обидот бил крунисан со престижната награда „11 Октомври“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.