Мудар родител – време е за градинка
Автор:
Хедвиг Монтгомери
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Barnehageårene |
Бр. на страни:
232 |
Димензии:
14,5×20,5
|
Корица:
мека
„Мудар родител – време е за градинка“ е книга што е од суштинско значење за сите родители што имаат деца на возраст од две до шест години. Со неа ќе станете родител каков што отсекогаш сте сакале да бидете! Психологинката и семејна терапевтка Хедвиг Монтгомери одговара на сите прашања поврзани со децата што се на предучилишна возраст: Што значи доброто воспитување? На кој начин детето расте и се развива преку играта? Колку е важно за детето да се дружи со другите деца? Дали караницата меѓу браќата и/или сестрите е опасна? Како да излезете накрај со неволите, бујната фантазија и со сите нови емоции што ќе го обликуваат детското секојдневје? Во периодот кога одат во градинка, децата се многу љубопитни и тогаш го формираат односот кон светот што ги опкружува. Затоа вашата најважна задача е да допрете до нив и заедно да ги дискутирате доживувањата и искуствата со кои се соочуваат. Детето треба да сфати дека вие сте водич од доверба. Норвешкиот серијал од пет книги „Мудар родител“ почна да се објавува во 2018 година и стана меѓународна сензација што се чита во над 25 земји.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.