Старецот и морето
Автор:
Ернест ХЕМИНГВЕЈ
Издавач:
Либи |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
The old man and the sea |
Бр. на страни:
101 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
/
„Старецот и морето“ е едно од најпознатите и највпечатливите дела на Ернест Хемингвеј. Раскажана на јазик со неверојатна едноставност и книжевна моќ, приказната за кубанскиот рибар и неговата борба со староста и силите на природата ја плени читателската публика уште од своето издавање во 1952 година. Преку искушенијата на стариот рибар и во проза што ќе ја обележи една цела генерација на американски и светски писатели.
Хемингвеј ни зборува за борба од најблагороден вид – борба во која и победата и поразот се еднакво чесни и возвишени – бидејќи она што ги поврзува противниците не е ниту презир, ниту омраза, ниту страв, туку почит и љубов и храброст.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.