Моќта на јавното говорење : како успешно да презентирате во секоја ситуација
Автор:
Брајан Трејси
Издавач:
Паблишер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Speak to win : how to present with power in any situation |
Бр. на страни:
175 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
Почетната точка за моќен говор е публиката. Запомнете, не се работи за вас, се работи за нив.
Способноста убедливо да зборувате пред публика е клучна за вашиот успех. Ќе ви донесе почит од другите, ќе ве направи повредни за компанијата и ќе го привлече вниманието на луѓето кои можат да ви помогнат и да ви ги отворат вратите. Притоа, јавното говорење е вештина што може да се научи, а најпознатиот светски говорник Брајан Трејси е идеалниот инструктор.
Знак за вистински професионалец во секое поле е подготвеноста. Колку потемелно ќе се подготвите толку подобри резултати ќе постигнете. Кога ќе научите како да одржувате одлични говори и пред мала група и пред голема публика, ќе станете еден од највлијателните и најубедливи поединци во својата област.
Моќта на јавното говорење ве учи како:
• Да ги зголемите самодовербата и самопочитта
• Да постигнете силна умствена контрола
• Да го освоите и да го задржите вниманието на слушателите
• Да ја импресионирате публиката
• Да стекнете гласовна вештина и моќни техники на врвен говорник • Да научите стратегии со кои ќе ги придобиете слушателите...
Начинот на кој зборувате е важен колку и самиот говор. За да ги остварите најмоќните презентации во животот, следете ги советите на еден од најдобрите светски говорници – Брајан Трејси.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.