Јумеихо терапија
Автор:
Масајуки Сајонџи
Издавач:
Концепција |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Hipbone yumeiho therapy |
Бр. на страни:
253 |
Димензии:
210X140
|
Корица:
мека
ЈУМЕИХО методот е познат и под името КОЦУБАН или КОЦУБАН ЈУМЕИХО што значи: КОЦУБАН- колкови; ЈУ- буткање нагоре, подигање, зголемување; МЕИ – животна сила, витална енергија; ХО – техника, метод. Метод за подигнување на виталната енергија преку нормализирање на колковите. Јумеихо е мануелна терапија и се состои од три метода: Обработка на меки ткива (зборот масажа е ризично да се употреби). Основна техника е притисок под агол од 90 степени, повлекување и галење по одредени линии. Акупресура, или притисок со задржување на одредени точки. Третиот метод е корекција или местење на ‘рбетот и периферните зглобови. Горните методи се главно средство за нормализирање на растроените зглобови, на втврднатите мускули, на лимфниот и крвниот застој. Се постигнува исчезнување на болките, возобновување на физиолошките функции во нивните нормални граници, се создава полна проодност на крв и лимфа. Јумеихо терапијата е ефективен природно-физиолошки метод на безмедикаментозна терапија при функционалните растројства на човекот. Христо Хаџикимов – Јумеихо инструктор 5 дан
Questions and Answers
You are not logged in