Приказни полни со надеж

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: The stories of hope | Бр. на страни: 260 | Димензии: 20 см | Корица: /

Тетовирачот од Аушвиц е една од најпродаваните книги на 21-от век.

Сега, во најновата книга, Хедер Морис ни претставува инспиративен прирачник за живот, со серија приказни од извонредни луѓе што ги запознала, неверојатните приказни што ги споделиле со неа и лекциите што ги научиле во текот на нивните животи.

Во „Приказни полни со надеж“, Хедер ги истражува нејзините новостекнати таленти како слушател – вештина што ја користела кога првпат се запознала со Лале Соколов, тетовирачот од Аушвиц-Биркенау што воедно ѝ е инспирација за нејзиниот бестселер. Токму оваа способност го убеди Лале да ѝ ја довери својата приказна на Хедер, која ја раскажа во романот „Тетовирачот од Аушвиц“ и вториот роман „Животната приказна на Цилка“.

Хедер ни ја споделува тајната за нејзиното инспиративно пишување, целото патување и писателските искуства од нејзиниот живот, вклучувајќи го и нејзиното длабоко пријателство со Лале, и ни открива како научила навистина да ги слуша приказните што ѝ ги кажувале луѓето – вештина за која верува дека сите можеме да ја научиме.

Цена: 450 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Приказни полни со надеж

Категории: ,
ИСБН: 978-608-262-119-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Приказни полни со надеж”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in