Османлиските султани : од основањето до распадот на Османлиското Царство
Автор:
Ерхан Афјонџу
Издавач:
Алманах |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Оsmanlı Padişahları |
Бр. на страни:
227 |
Димензии:
21х13
|
Корица:
мека
Османлиските султани претставуваат мит во османлиската историја. Тие обично се опишани или во негативно или во позитивно светло. Според авторот на ова дело; Ерхан Афјонџу, овие османлиски владетели би требало да се анализираат според системот на вредности на нивното време, далеку од нашите денешни сфаќања и идеолошки погледи.
Во оваа книга животот и делото на османлиските владетели се разгледани во светлото на најновите академски истражувања. Наведени се датумите на раѓање и умирање на османлиските султани, годините на нивното владеење, податоци за нивните сопруги, родители и деца и во главни црти се опишани позначајните настани од нивното време.
Авторот Ерхан Афјонџу е еминентен турски историчар и професор по историја на Универзитетот „Мармара“ во Истанбул. Ги објавил следниве дела: „Привидението на Османлиите“ (2005), „Водич за истражување на османлиската историја пред Танзиматот“ (2006), „Одмаздата на Троја“ ( 2009), „Обетката на Јавуз“ (2010), „Османлиската Империја преку прашања и одговори“ (2011), „Сулејман Величествениот“ (2011), „Лажниот месија“ (2013), „Последниот светски поредок“ ( 2014), „Мавзолејот на Сулејман-шах“ (2015), Ќосем − Величествената мајка-султана (2015) и други дела. Афјонџу има објавено и голем број академски текстови од областа на османлиската историја и бирократија, како и написи за османлиските историчари.
Делата на Ерхан Афјонџу се преведени на англиски, германски, кинески, српски, македонски, албански, романски, корејски и арапски јазик.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.