Прирачник за преживување наменет за некадарни
Автор:
Тома Гунзиг
Издавач:
Артконект |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Manuel de survie à l’usage des incapables / Thomas Gunzig |
Бр. на страни:
272 |
Димензии:
14 x 20 cm
|
Корица:
/
Жан-Жан работи како дел од обезбедувањето во еден гигантски супермаркет; неговиот живот е монотон и без перспективи, заплеткан во бесконечната хиерархија на шефови и заглавен во бездушниот свет на џиновскиот маркет на чии ѕидови вечно бдее портретот на мистериозните браќа Ајхман. По игра на случајноста, Жан-Жан ќе биде одговорен за трагичната смрт една касиерка, чии четири деца, луѓе-волци, се подготвена на сè за да ја одмаздат мајка си. „Прирачник за преживување наменет за некадарни“ е дистописки роман за еден свет каде маркетингот паразитира врз сите сфери на животот, каде супермаркетот станал консумеристички храм и крајна точка на милениумската еволуција на видовите. Проткаена со елегантен цинизам и црн хумор, оваа книга лебди меѓу жанровите и преку фантастиката бескомпромисно ја критикува апсурдноста на времето во кое живееме.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.