Пирамидите на денот

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Dienų piramidės | Бр. на страни: 240 | Димензии: 20 | Корица: мека

Тринаесетте раскази од оваа книга се занимаваат со размислувањата околу тоа што се менува во текот на времето во светот на протагонистите и на што му е судено вечно да трае. Се поставуваат прашања за човековото битие, љубовта, личната слобода, Бог и судбината, покрај кои животот на современиот човек се доживува како најголемо постигнување.

Кратките раскази на Ополскаите започнуваат со приказ на односите во рамките на едно семејство: меѓу сопружниците, родителите и децата, браќата и сестрите, понекогаш меѓу блиските пријатели или љубовниците. Темите на предавството или гризењето на совеста се истражуваат преку јазикот, кој е нежен и богат.

Еден соголен реализам на човековото постоење силно дејствува врз читателската фантазија, а некои елементи на мистика и фантастика одржуваат рамнотежа меѓу видливиот свет и магичниот реализам.

Расказите се пишувани во период од осумнаесет години, период во кој добија највисоки оценки од книжевната критика. „Решетки“ во 2018 година ја освојува „Нобеловата награда за литвански кратки раскази“, а расказот „Дојди преку мразот“ е награден со наградата „Јургис Кунчинас“. Во 2019 година „Пирамидите на денот“ја добива престижната Награда за литература на Европската Унија.

Цена: 350 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Пирамидите на денот

Категории: ,
ИСБН: 978-608-243-525-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пирамидите на денот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in