Идол на ѕидот (II издание)

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Идол на ѕидот | Бр. на страни: 240 | Димензии: 20 | Корица: мека

2020 година. Скопје, СФР Југославија.

Зоран живее во Карпош со ќеркичката. Не го интересира Партијата. Си ја работи работата и се грижи за детето.

На власт доаѓа третиот Маршал. Чудни работи почнуваат да се случуваат. Велат дека рударите сонувале нешто страшно, па одбивале да се симнат под земја. Се шушка дека учителите ги праќаат на робија. Снемува мајстори како земја да ги голтнала… Без да сака, Зоран ќе се најде среде бурно море од промени и ќе мора да најде начин да се одржи на површината.

Скопје е поинакво во таа 2020 година. Зимата е маглива и сива под будното око на режимот. Летото е побезгрижно. Знае да биде пријатно на Руска плажа, под крошните на костените на плоштад, на лулашката на ул. „Максим Горки“ или на сладолед во „Ванила“.

Но, тогаш се случува нешто грозоморно. Исчезнува ќеркичката на Зоран без трага и глас и целиот свет се превртува наопаку.

Дали пред себе имаме дело што е една од највизионерските книжевни претстави на Скопје?

Цена: 400 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Идол на ѕидот (II издание)

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-243-565-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Идол на ѕидот (II издание)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in