Математика : прирачник за предучилишна возраст: 5-6 години

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Математика : прирачник за предучилишна возраст: 5-6 години | Бр. на страни: 48 | Димензии: 29 | Корица: мека

Овој прирачник е наменет за учење математика за деца во предучилишна возраст (5-6 години). Содржините се подредени според Програмата за рано учење и развој и се приспособени на возраста на децата.

Со помош на овој прирачник децата ќе се оспособат:
– за просторно ориентирање и за вербално искажување на односите меѓу предметите;
– да ги препознаваат цифрите од 1 до 5, да бројат до 10 и да поврзуваат количество со број;
– за класификација, компарација и серијација според боја, форма, големина, вид и род;
– за одредување и препознавање на временските релации;
– за воочување, препознавање и именување круг, квадрат, триаголник, топка и коцка;
– за проценка на количество и должина и проверка со мерење и со броење.

За полесно препознавање на барањата во задачите, на секоја страница има симболи што покажуваат што треба да се направи во задачата.

Преку активностите во овој прирачник се поттикнува формирање особини на личноста кај детето: иницијативност, трпеливост, истрајност, љубопитност, прецизност, како и задоволство од успешно решена задача.

Цена: 250 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Математика : прирачник за предучилишна возраст: 5-6 години

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-267-113-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Математика : прирачник за предучилишна возраст: 5-6 години”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in