Кафе-муабет со себеси
Автор:
Кристен Хелмстетер
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Coffee self-talk : 5 minutes a day to start living your magical life |
Бр. на страни:
180 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Уморни сте од едноличното секојдневие без инспирација?
Сакате живот полн со авантури остварувајќи ги своите соништа?
Што ако секојдневно скокате од кревет возбудени и полетно преземате нешто за да ги остварите јасно поставените цели за кои сте мислеле дека се невозможни? Размислете – има ли нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но сте мислеле дека е резервирано само за избраните?
Техниката на кафе-муабет на Кристен Хелмстетер ќе ви овозможи:
- да ги промените навиките
- да стекнете здравје и долговечност
- да бидете прекрасен родител или да најдете совршен партнер
- да постигнете богатство и успех - да живеете со нов сјај во очите.
„Кафе-муабет со себеси“ не дава здодевен список на задолженија, туку забавен и делотворен начин секој ден да се будите насмеани и среќно да впловите во својот нов, неверојатен живот. И сето тоа со само петминутни дневни афирмации и шолја вкусно кафе!
„Моќна, досетлива и инспиративна книга што ќе ви покаже како целосно да го искористите својот потенцијал со неколкуминутно дневно сонување големи соништа, колку што е потребно да ја испиете својата шолја кафе. Оваа книга ќе ви го промени животот.“
Кристи Белкамино, најпродавана авторка на „Ју-Ес-Еј тудеј“
Оценки
Сѐ уште нема оценки.