Островот на исчезнатите дрвја

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: The island of missing trees | Бр. на страни: 355 | Димензии: 21 | Корица: мека

Легендите постојат за да ни го раскажат она што историјата го заборавила.

Во 1974 г., на островот Кипар, Гркот Костас и Турчинката Дефне кришум се среќаваат во меаната Среќна смоква среде која се извишува едно дрво – сведок на војната што се разгорува на островот и на неговата поделба, кога младите се принудени да се разделат.

По дваесетина години Костас се враќа во Никозија како успешен ботаничар и ја наоѓа својата изгубена љубов. Заминуваат за Лондон, со едно гранче од старата смоква... По 16 години, соочена со загубата на мајка си, нивната ќерка очајно трага по одговори. А единствената врска што ја има со земјата на своите предци е смоквата во дворот и една неочекувана гостинка за новогодишните празници. Со своите вкусни кипарски рецепти, бучен карактер и топлина, таа го извлекува семејството од зачмаеноста и ги расветлува годините на тајни, разделби и тишини.

Раскошна, магична приказна за припадноста и идентитетот, љубовта и траумата, сеќавањето и заборавот, уништувањето на човештвото и природата, и најпосле, за обновата и зацелувањето.

„Прекрасен и трогателен роман за мрачните тајни на граѓанските војни и злата на екстремизмот: Кипар, љубовници од различни вери, оштетени деца, откоренување – и замислете, еден од ликовите во книгата е смоква!“
Маргарет Атвуд, Твитер

Цена: 500 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Островот на исчезнатите дрвја

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-230-794-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Островот на исчезнатите дрвја”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in