Природни науки 4 : вежбанка по природни науки за четврто одделение во деветгодишното основно образование
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Природни науки 4 : вежбанка по природни науки за четврто одделение во деветгодишното основно образование |
Бр. на страни:
52 |
Димензии:
29
|
Корица:
мека
Вежбанката по предметот ПРИРОДНИ НАУКИ за четврто одделение во деветгодишното основно образование е создадена според новата програма за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието и ги покрива сите општи и конкретни стандарди од неа.
Во оваа вежбанка, детето ќе учи за физичките карактеристики на Земјата, за особините на животните и растенијата и нивната поделба, како и за агрегатните состојби на материјата и нивните промени. Темите за изучување на звукот, електрицитетот и магнетизмот се обработени на едноставно и разбирливо ниво, соодветно за оваа возраст.
Активностите во оваа вежбанка се интересни и забавни и ги поттикнуваат учениците на критичко размислување и логичко расудување.
Како составен дел од оваа вежбанка се и шеми за изработка на модели што учениците ќе можат самостојно да ги изработат и притоа активно да учат. Вежбанката има цел да му помогне на наставникот за поефикасна реализација на наставните содржини по природни науки, на ученикот, низ игровни активности, полесно да ги постигне очекуваните резултати поставени во програмата, а на родителите да го следат напредокот на своето дете. Одговорите на активностите од оваа вежбанка се достапни на resursi.literatura.mk.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.