Дански начин за воспитување деца
Автор:
Џесика Џоел Александер
,
Ибен Дисинг Сандал
Издавач:
БАТА ПРЕСС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
The danish way of parenting |
Бр. на страни:
179 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Овој практичен и пред сè оптимистички советник, родителите ги запознава со навиките на најсреќните луѓе на светот. Четириесет години Данска доминира на листата на земји во кои живеат најсреќните луѓе, додека тајниот чинител на нивната среќа сè уште не е откриен. Сепак, авторките на оваа книга тврдат дека конечно го имаат решението во своите раце: тајната на данската среќа е во тоа што родителите ги воспитуваат своите деца да бидат полни со самодоверба, дружељубиви, исполнети − и, се разбира − среќни.
Се прашувате како?
На страниците на оваа книга ќе најдете разновидни, креативни и оригинални совети, како да:
− ја поттикнете слободната игра
− ја поттикнете автентичноста и самодовербата
− негувате емпатија
− го нагласувате тимскиот дух
− го прославите заедништвото.
Со многу практични решенија за проблемите и со инспиративни примери, книгата Дански начин за воспитување деца им помогна на родителите ширум светот, без разлика на културата и начинот на живот, да воспитаат среќни, добро приспособени деца.
„Моќен воспитен метод… отпорни, емоционално сигурни и среќни деца – со други зборови, токму она кон кое сите тежнееме“, бележи списанието Mother
„Би ја препорачала оваа книга на секој којшто себе и на своите деца сака да им понуди шанса за среќен живот“, пишува Малене Ридал, данска амбасадорка на добра волја
Оценки
Сѐ уште нема оценки.