Преплетени со природата : најнови сознанија за петте нишки на здравјето: исхраната, движењето, спиењето, микробиомот и блиските
Автор:
Александар Митов
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
Преплетени со природата : најнови сознанија за петте нишки на здравјето: исхраната, движењето, спиењето, микробиомот и блиските |
Бр. на страни:
280 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Како цивилизација отидовме во многу крајности – прекинавме да допираме земја со голи раце, да одиме по почвата со боси нозе, да спиеме во целосен мрак и тишина, да јадеме необработена храна, да се движиме... Дојдовме дури дотаму да си ги броиме чекорите!
Апсурдно е што ни требаа многу нови и сложени проучувања за да стигнеме до старата вистина – во секој од нас е впишан кодот на здравото живеење. Не мораме да знаеме еден куп научни податоци за да живееме правилно и здраво, зашто сме испреплетени со сите нишки на природата и интуитивно знаеме како треба и како сакаме да живееме.
Поразително за нас како цивилизација е што науката од 21 век ни укажува дека треба да водиме начин на живот како од 19 век, во дослух со природните и неизвитоперени потреби на нашето тело.
Со своето богато практично искуство како доктор на медицина, магистер по јавно здравје и влијанијата на животната средина врз здравјето, д-р Митов ја „преведува“ најновата медицинска наука во практиката и ни дава конкретни совети за здрав, среќен и исполнет живот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.