Крајот на една љубовна приказна
Автор:
Греам Грин
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2008
Оригинален наслов:
The end of the affair |
Бр. на страни:
269 |
Димензии:
0
|
Корица:
мека
Роман кој поставува и истовремено одговара на многу деликатни прашања од полето на љубовта. Низ неговите страници е раскажана приказната за жена која е изгубена во љубовта помеѓу двајца мажи, сопругот и љубовникот, од гледна точка на љубовникот. Љубовната афера помеѓу Морис Бендрикс и Сара Мајлс како воопшто да не му пречи на нејзиниот сопруг Хенри. Тие се запознаваат и започнуваат страстна љубовна врска, а сепак Морис е пријател со Хенри. Сепак, за приказните многумина ќе речат дека немаат свој почеток ниту крај. Оттука, човек произволно го избира оној миг од својот живот што претставува точка од која ќе се обѕрне назад или докрај ќе погледне и зачекори напред. За Сара токму тоа е моментот кога после едно попладневно бомбардирање за време на Втората Светска Војна, го пронаоѓа својот љубовник Морис, неподвижно легнат пред една падната врата. Мислејќи дека е мртов таа ја жртвува нивната љубов, заколнувајќи му се на Бога дека ќе ја заврши љубовната врска со него само ако тој преживее! За Морис пак од друга страна, од тој момент започнуват деновите на омраза, незнаејќи ја вистинската причина зошто Сара го напуштила. Омраза која што ја манифестира дури и кон самиот Бог, гласно размислувајќи дека гопрезира како воопшто и да постои.Клучното прашење на кое што овој роман се обидува да ги окрие и даде можните одговори, е дали е возможно човек некого да го сака и мрази истовремено.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.