ОКЕАН,МОРЕ
Автор:
Алесандро Барико
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Oceano mare |
Бр. на страни:
224 |
Димензии:
125х195
|
Корица:
/
Во гостилницата Алмаер, на работ од морето, се преплетуваат судбините на чудните ликови на овој необичен роман. Тука е еден научник, кој пишува Енциклопедија на граници и се обидува да пронајде каде завршува морето, сликар кој го слика морето со морската вода, свештеник кој му пишува на Севишниот необични молитви во стихови... Да не ја заборавиме Елизвин, девојчето што се плаши од сè и на кое ѝ е препишано бањањето во море, чијашто вода дотогаш се сметала за гнасна и нездрава, а кое во тој временски неопределен период почнува да го презема приматот на бањите поради своето благотворно дејство на многу болести. Тука е и мадам Деверија, која во тоа место, ни на копно ни на море, се обидува да избега од љубовта. Тука се и сопствениците на гостилницата, сите деца: Дира, Диц, Дуд и Дол, со своите необични таленти, па Адамс и доктор Савињи, секој со својата страшна тајна. А сепак, пред сè и пред сите, главниот лик на овој роман секако е морето, страшниот и нежен океан, со својата бескрајна моќ што носи спасение или смрт, секому според сопствената судбина.
2 оценки за ОКЕАН,МОРЕ
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –