Полиња со диви нарциси
Автор:
Винка Саздова
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Полиња со диви нарциси |
Бр. на страни:
285 |
Димензии:
140 x 205
|
Корица:
/
Полиња со диви нарциси е необична приказна за љубовта и неверството. Писмото што останува непрочитано во џебот од едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непроменливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечноживите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го пронајдеме она што не сме ни занеле дека воопшто ни припаѓа. Противречноста на исчекувањето. Да се проникне во човекот е исто како тој повторно да се роди. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?Она што особено восхитува во овој роман е веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. Обете судбински вкрстени во вечното сега.
7 оценки за Полиња со диви нарциси
Questions and Answers
You are not logged in
Иво Митрушев (верификуван корисник) –
Совршена книга!
elena miceski (верификуван корисник) –
Aneta Dimitrievski (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Mnogu dobra kniga, ve voodusevi 🙂
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Здодевна книга, книга која со напор ја читав до 100/та страница и веќе не сум мотивирана да продолжам да читам. Две ѕвезди бидејќи се гледа дека авторката има разбирање за психолошките состојби, личниот развој и внатрешните битки низ кои минуваме ние како човечки битија, има убави реченици, мисли околу тоа, но раскажувањето е многу здодевно. После толку прочитани страници, а веќе сум над стотата, читам само катадневни повторувања: девојката, старицата, билките, мирисите…Војдан, Војдан, Војдан и како за мало освежување Дина, која ете најбрзо се разбудува од хипнозата на “потребен ми е друг за да бидам среќна.” Добивам чувство дека со напор се пишувани толку страници, а тоа чувство се пренесува и на читателот. Напор да се остане заинтригиран. Нема течење.
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –