Проектот Лазарус
Автор:
Александар Хемон
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
The Lazarus project |
Бр. на страни:
276 |
Димензии:
140 x 205
|
Корица:
/
На 2 март, 1908, деветнаесетгодишниот Лазарус Авербух, источноевропски емигрант со еврејско потекло, при посетата на чикашкиот шеф на полицијата бил изрешетан до смрт и осуден како наводен анархистички убиец. Еден век подоцна, младиот писател од Чикаго по име Брик се опседнува со приказната за Лазарус. И самиот Брик по потекло од Источна Европа, го регрутира својот земјак Рора - воен фотограф од Сараево - да му се придружи во патешествието по стапките на Авербух. Низ историјата на погроми и сиромаштија, и низ денешните пејзажи со евтини мафиози и уште поевтини проститутки, приказните за Авербух и Брик нераскинливо се испреплетуваат и создаваат оригинален, провокативен и забавен роман што го потврдува Хемон како еден од најдинамичните и најважните книжевни гласови на нашето време.„Проектот Лазарус е бестрашен и смел израз на турбулентен книжевен талент и, истовремено, студена, сурова критика на моралното насилство. И покрај симпатиите на Хемон кон другите писатели - се наѕираат влијанија не само на Набоков и Зебалд, туку и на Булгаков, Памук, Ејмис, По - тој е сосема свој, оригинален човек кој никому ништо не му должи“.Book Forum„Возбудлив, забавен, остроумен - ѓаволски бистар и длабоко сериозен... И во замислата и во спроведувањето, Проектот Лазарус е импресивен роман. Ако продолжи вака, Хемон може да стане најнадарениот и најважниот писател на неговата генерација“.GQ
Оценки
Сѐ уште нема оценки.