Трагично и патетично

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: One-act plays | Бр. на страни: 236 | Димензии: 125 х 195 | Корица: /

Во оваа книга се собрани кратките драми на Вуди Ален, пишувани помеѓу 1970 и 2003 година. Во нив, необичните ликови запаѓаат во најчудни и бизарни ситуации, какви што само Вуди Ален би можел да замисли. Според зборовите на самиот автор, неговите драми се еден вид креативен премин помеѓу неговите раскази и филмови и ја отсликуваат неговата постојана преокупација со луѓе кои се обидуваат да се однесуваат колку што можат порационално во крајно ирационални ситуации. Дополнети со извонредниот дијалог и зајадливата пародија, овие едночинки вешто балансираат помеѓу трагичното и патетичното што, се разбира, неизбежно резултира со комично.Софистицирани, сатирични и интересни до последната реплика, кратките драми на Ален успешно се изведуваат во театрите ширум светот. Нивната извонредна сликовитост ги прави одлични за читање, поставувајќи сцена во имагинацијата на читателот и препуштајќи му ја улогата на режисер, актер и гледач истовремено.

Цена: 380 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Трагично и патетично

Категорија:
ИСБН: 9786082300238

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Трагично и патетично”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in