Ти не знаеш да сакаш
Автор:
Сузан Елизабет Филипс
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
368 |
Димензии:
21x13
|
Корица:
мека
Договорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд. Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе - засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати. Александер Марков, од друга страна, воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка. Како и да е, тој му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат: да се ожени со неговата ќерка, да ѝ покаже како изгледа животот на нормалните луѓе и да ѝ го дотера умот. Ох, и дефинитивно има намера да го направи тоа. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена. Не, тој дефинитивно не го живее животот на кој таа е научена. Каде живее, како живее и што прави? Тоа ќе дознаете самите. Низ многу смеа. Што ја прави целата приказна толку уникатна и интересна. Алекс Марков и Дејзи Девру се два различни света, црно и бело, топло и ладно, добро и лошо. Алекс е пораснат без родители, без љубов, без трошка убавина во животот и тоа е причината која го создава човекот без срце, човекот кој не знае да сака, човекот кој ќе ѝ го загорчи животот на Дејзи. Овој човек без душа кој не почувствувал љубов никогаш во животот ќе ја запознае жената која има срце доволно силно за да го преврти светот. Наспроти неговиот студен карактер, камена гордост и руско срце, таа ќе застане со само две оружја - своето ангелско лице и срце. Можно ли е да се скроти студеното руско срце и да се добие љубов од човек кој не знае да сака? „Ти не знаеш да сакаш“ е вистински десерт од смеа и солзи. Приказна која докажува дека љубовта може да ги турне на колена и оние со најцврсти срца...
12 оценки за Ти не знаеш да сакаш
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Ilinka Cekova (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Elena Jovanovska (верификуван корисник) –
Vaska Boskovska (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
najdobar izbor <3
Ана Маркоска (верификуван корисник) –
Прекрасна книга се чита во еден здив…
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Prekrasna 😀