Ти не знаеш да сакаш

Publisher: Сакам Книги | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: / | Num. of pages: 368 | Dimensions: 21x13 | Cover: мека

Договорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд. Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе - засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати.

Александер Марков, од друга страна, воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка.

Како и да е, тој му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат: да се ожени со неговата ќерка, да ѝ покаже како изгледа животот на нормалните луѓе и да ѝ го дотера умот. Ох, и дефинитивно има намера да го направи тоа. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена.

Не, тој дефинитивно не го живее животот на кој таа е научена. Каде живее, како живее и што прави? Тоа ќе дознаете самите. Низ многу смеа. Што ја прави целата приказна толку уникатна и интересна. Алекс Марков и Дејзи Девру се два различни света, црно и бело, топло и ладно, добро и лошо. Алекс е пораснат без родители, без љубов, без трошка убавина во животот и тоа е причината која го создава човекот без срце, човекот кој не знае да сака, човекот кој ќе ѝ го загорчи животот на Дејзи. Овој човек без душа кој не почувствувал љубов никогаш во животот ќе ја запознае жената која има срце доволно силно за да го преврти светот.

Наспроти неговиот студен карактер, камена гордост и руско срце, таа ќе застане со само две оружја - своето ангелско лице и срце. Можно ли е да се скроти студеното руско срце и да се добие љубов од човек кој не знае да сака?

„Ти не знаеш да сакаш“ е вистински десерт од смеа и солзи. Приказна која докажува дека љубовта може да ги турне на колена и оние со најцврсти срца...
Rated 5.00 out of 5 based on 12 customer ratings
(12 customer reviews)

Price: 390 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Сакам Книги

Report an abuse for product Ти не знаеш да сакаш

Category:
SKU: 978-608-4672-02-9

12 reviews for Ти не знаеш да сакаш

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  2. Rated 5 out of 5

    Ilinka Cekova (verified owner)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  4. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  5. Rated 5 out of 5

    Elena Jovanovska (verified owner)

  6. Rated 5 out of 5

    Vaska Boskovska (verified owner)

  7. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  8. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  9. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  10. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

    najdobar izbor <3

  11. Rated 5 out of 5

    Ана Маркоска (verified owner)

    Прекрасна книга се чита во еден здив…

  12. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (verified owner)

    Prekrasna 😀

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in