Најдоброто од мене

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: The best of me | Бр. на страни: 303 | Димензии: 140X210 | Корица: /

/Сите сакаат да веруваат дека вечна љубов е можна...

Во пролетта 1984 година средношколците Аманда Колиер и Досон Кол доживуваат длабока, судбинска љубов која им пркоси на строгите правила на животот во малото гратче Ориентал. Досон е осаменик од едно озлогласено семејство и верува дека љубовта кон Аманда му овозможува бегство од мрачната судбина. Аманда, пак, е добра, богата девојка која планира да оди на студии. Таа во Досон гледа нешто што е блиско на нејзиното бунтовно, страсно срце. Но со крајот на школската година неколку непредвидени настани ќе ја раздвојат младата двојка и секој од нив ќе тргне по сосем различен пат...

По дваесет и пет години, Аманда и Досон се среќаваат на погребот на Так Хостетлер, човекот кој на времето ѝ дал засолниште на нивната средношколска љубов. Ниту еден од нив двајцата не го живее животот за кој сонувале... и ниту еден не може да ја заборави страсната прва љубов што засекогаш им го сменила животот. Додека ги следат упатствата што им ги оставил Так, Аманда и Досон сфаќаат дека сè што мислеле дека знаат – за Так, за себе и за своите соништа – не е такво какво што се чини. Принудени да се соочат со болните спомени, двајцата поранешни љубовници ја откриваат непобитната вистина за своите одлуки. И за време на единствениот, возбудлив викенд, ќе се прашаат длабоко во себе: Може ли љубовта навистина да го промени минатото?
Рангирано 5 од 5 според 5 рејтинзите на корисниците
(5 оценки на корисници)

Цена: 450 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Најдоброто од мене

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-271-3

5 оценки за Најдоброто од мене

  1. Rated 5 out of 5

    Adrijana Ivanovska (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Marija Marolova (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Фросина Трајковиќ (верификуван корисник)

  5. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in