Разбудената убавица

Издавач: ПАНИЛИ, Скопје | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Sleeping with beauty | Бр. на страни: 399 | Димензии: 20 cm | Корица: /

Си беше еднаш една принцеза по име Луси Харпер, заробена во тело на една несмасна девојка...

Луси и нејзината другарка Џејна беа невидливи за своите врсници, како во основно така и во средното училиште, најмногу поради тоа што не се како останатите деца во училиштето.

Ним мора нешто да им се случи, нешто непријатно, засрамувачко, особено за време на паузата на ручек. Најчесто Луси е метата, но и црвенокосата Џејна понекогаш знае да се издвои.

Кон тоа друштво се приклучува и несекојдневниот Грејди кој станува заштитник на Луси и тие тројцата, заедно, некако ќе успеат да ги протуркаат училишните денови.

Луси уште многу рано сфаќа дека таа никогаш нема да биде една од популарните девојки, ниту пак популарните момчиња некогаш ќе се загледаат во смотаната „бубалица“, премногу висока и несмасна со прекар Пипи долгиот чорап - поради косата која никако да успее да ја скроти.

Сега, на дваесет и осум години Луси сè уште е истата несмасна девојка која е во потрага по нешто...  Нешто што го имаат нејзините родители и после толку години брак. Да бидеме искрени таа е во потрага по некој кој ќе ги цени нејзините атрибути, но кои поточно атрибути, не е баш сигурна. Се чувствува како надворешноста да не ѝ е во согласност со внатрешноста и не знае како да ги спои тие две работи во едно! Прашувајќи се дали веќе не е време да се откаже од потрагата по тоа нешто, или некој, кој ќе го препознае тоа што е скриено внатре во неа, без да ја погледне нејзината несмасна надворешност, таа решава да ја потроши својата заштеда на двонеделно стилско преуредување во „Стаклена чевличка“ токму кога ја добива покана за прослава на десет години од матура.

Решена е да оди на прославата и со тоа да им докаже на сите оние кои ѝ ги загорчувале училишните денови дека сепак не биле во право како ја оцениле тогаш. Но пред тоа следува двонеделно разубавување и покрај противењето на нејзините пријатели, Џејна и Грејди, кои сакаат да ја разубедат и да ја натераат да сфати дека нема потреба никому да докажува ништо, таа е убава на свој посебен начин. Но што знаат тие, Џејна е мажена, а Грејди... Па Грејди веќе скоро и да нема потреба повеќе да ја спасува...

Цена: 483 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Разбудената убавица

Категорија:
ИСБН: 512358105

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Разбудената убавица”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in