Обвинета: Вjера Гран
Приказната на Владислав Шпилман допре до публиката од цел свет благодарение на Оскаровецот Пијанистот на Роман Полански. Онаа на пејачката Вера Гран е помалку позната. Вера Гран е полската Марлен Дитрих. Таа била прекрасна, егзотична пејачка ѕвезда од пред II-та светска војна, придружувана на пијано токму од Шпилман. Омилена во ноќните клубови на Варшава во 30-тите, продолжила да настапува и во варшавското гето (1941-2). Додека пијанистот, после војната станал херој, наводно криумчарејќи оружје за отпорот, Гран била обвинета дека соработувала со фашистите; жигосана како предавник, „курва на Гестапо“, понижувана, затворана, најпосле била прогласена за невина, но продолжила да биде премолчувана како уметник. Во основа, прогласена мртва и пред да умре, сè додека Агата Тишинска не ја напиша оваа книга. Поранешната пејачка се отвори пред писателката и ја раскажа својата страна на сторијата.
„Знаеме дека оваа книга ќе предизвика скандал“.
Нувел Обсерватор
1 оценка за Обвинета: Вjера Гран
Questions and Answers
You are not logged in
iVote naracki (верификуван корисник) –