Математичка авантура

Издавач: ТРИМАКС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Математичка авантура | Бр. на страни: 40 | Димензии: / | Корица: /

Книгата Maтематичка авантура е создадена за учениците, од рана возраст да стекнат основни математички знаења и вештини на забавен и интересен начин, учејќи низ игра да ја засакаат математиката. Математиката е наука со чиешто проучување можеме да го разбереме светот околу нас. Таа не само што е многу корисна, бидејќи математичкиот јазик е основен јазик на науката, туку е интересна и забавна. Оваа книга е создадена за учениците да ја пронајдат убавината на математиката, преку игра и разонода да увидат дека секој проблем има свое решение. Во нашето секојдневие ние постојано се среќаваме со проблеми кои можат да се решат со помош на науката. Секое дете ја сака играта, а со оваа книга преку игра се учи математиката и нејзината практична примена во решавањето проблеми со што се развива креативното и логичкото размислување. Знаењата стекнати на овој начин се трајни знаења. Решавајќи ги задачите од книгата ќе се уверат во забавната страна на учењето, ќе стекнат самодоверба во наоѓање решенија за математичките проблеми и нивната примена во секојдневниот живот.

Цена: 220 ден

45 на залиха

Спореди
Продавач ТРИМАКС

Report an abuse for product Математичка авантура

Категорија:
ИСБН: 9786082043388

Questions and Answers

You are not logged in