Длабоко во ноќта
Автор:
Харуки Мураками
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
After dark |
Бр. на страни:
165 |
Димензии:
140х205
|
Корица:
/
Краток, извореден роман за случајните средби во ситните часови во Токио; возбудлив колку и ремек-делата Норвешка шума и Спутник љубов.
Во фокусот на овој роман се двете сестри – Ери, манекенка потоната во длабокиот сон на бессознанието, и Мари, младата студентка, која бегајќи од дома, ќе заталка во туѓи животни приказни, сосема поинакви од нејзината – џез тромбонистот што тврди дека се познаваат од порано, крупната раководителка на „љубовен хотел“ и нејзините собарки, како и киненската проститутка, дивјачки претепана од бизнисмен.
Длабоко во ноќта е хипнотизирачка драма во која се испреплетуваат времето и просторот, сеќавањето и реалноста. Тоа е свет на соништа, во кој луѓето исчезнуваат во телевизискиот екран, додека нивниот одраз останува во огледалото, и откако ќе ја напуштат просторијата.
„Издигнат над темнината, Мураками ја доловува флуросцентноста насекаде, но најмногу во аурата околу луѓето, кои сјаат најсилно ноќе и кога се заедно“. Њујорк тајмс
„Хипнотизирачки морничав, наместа смешен, а најмногу од се, проткаен со неизвесност.“ Вашингтон пост
1 оценка за Длабоко во ноќта
Questions and Answers
You are not logged in
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –