Загубената ќерка

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: The Lost Daughter | Бр. на страни: 528 | Димензии: 21 cm | Корица: /

Често животот нѝ спрема чудни изненадувања и нѐ става пред тешки крстопати, пред кои мора да донесеме важни одлуки од кои ќе нѝ зависи понатамошниот тек на нашиот живот. На тој начин сами си ја одредуваме сопствената судбина.

Токму тоа ѝ се случува на Сиси Вилкис- главниот лик во овој преубав роман. Кога Сиси има шеснаесет години нејзиниот живот тргнува во сосема спротивен правец, сосема спротивно од она што таа го планирала и посакувала за себе.

На дванаесет годишна возраст Сиси останува сирак, кога нејзината мајка умира таа живее по домови и различни семејства.

На шеснаесет години Сиси конечно го средува својот живот- работи како келнерка во еден ресторан и собира пари за да се запише на колеџ. Тогаш се вљубува во убавиот Тим Глисон.

Тим полека ја вовлекува Сиси во неговиот свет и ја убедува да учествува во неговиот план да ја киднапираат жената на гувернерот за да може да ја намали казната на својата сестра која е осудена на смрт поради убиство. Сиси е премногу заљубена во него и прифаќа да учествува во тоа. Нејзината задача беше само да ја чува жената на гувернерот додека Тим и брат му Марти преговараат со нејзиниот сопруг.

Но работите се комплицираат...
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 449 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Загубената ќерка

Категорија:
ИСБН: 6081-000-81-8

2 оценки за Загубената ќерка

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    Преубава книга. Моментално ја читам по втор пат и уживам во тоа време.

  2. Rated 5 out of 5

    Katerina Petreska (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in