Забавата може да почне
Автор:
Николо Аманити
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Che la festa cominci |
Бр. на страни:
291 |
Димензии:
14x21
|
Корица:
/
Италија, дадена во делчиња, во една споулавена и ексклузивна Апокалипса. Во срцето на Рим, Салваторе Кјати, ексцентричниот милијардер и сопственик на најпознатата вила во Италија ̶̶ Вила Ада, организира забава која би требало да биде запаметена како најголем монденски настан во историјата на Италија.
На списокот на гости се наоѓа целиот италијански џет-сет: актери, музичари, модели, спортисти, а за да биде забавата понеобична, Кјати организира лов на диви ѕверки низ запуштениот стар парк. На оваа забава, помалку неволно, ѝ се придружува и Фабрицио Чиба, познат писател кој се соочува со креативна криза, но и четворица претставници на една „угледна“ сатанистичка секта. Штом паѓа ноќта, „забавата на векот“ се претвора во вистински кошмар, а необичните доживувања ќе ги претворат животите на угледните гости во една грандиозна и замрсена човечка комедија.
Во оваа бурлеска или „урнебесна трагедија“, Аманити навлегува во некои чувствителни точки на современото (италијанско) општество, и како и во другите свои романи, убаво ги нијансира ликовите и пронаоѓа човечност и во оние што се однапред одредени како грди, валкани и зли.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.