Правек и другите времиња

Издавач: Македонска реч | Јазик: Македонски | Година: 2007
Оригинален наслов: Prawiek i inne czasy | Бр. на страни: 329 | Димензии: 120х170 | Корица: мека

Добитник на највисоката награда во Полска НИКЕ и на сите други книжевни награди во Полска. Нестандардно напишан, но извонреден роман. Правек се нарекува имагинарниот свет што го создала Олга Токарчук во својот роман. Тоа е едно просечно полско село, но во исто време и центар на универзумот, еден жив човечко-животински-растителен организам којшто се бори, преживува и се врти во постојаниот процес на изумирање и преродување. Приказната за Правек претставува приказна за човештвото. Токарчук во овој роман создава неприкосновено единство меѓу мислата и материјата, објективното и субјективното, природата и цивилизацијата, филозофијата и секојдневниот живот, промените и повторливоста.Во овој роман центарот на вниманието се сложените судбини на ликовите, а сврзувачкото ткиво, елемент на кој му се потчинуваат животните истории на сите суштества, е времето.  Она што плени во стилот на Олга Токарчук е нејзината чиста мисла, лесниот тек на приказната, култивираниот стил и употребата дури и на старовремски методи на раскажување и исклучително поетичен јазик на реализмот.
Рангирано 5.00 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Правек и другите времиња

Категорија:
ИСБН: 978-9989-163-48-0

Questions and Answers

You are not logged in