Правек и другите времиња
Author:
Олга Токарчук
Publisher:
Македонска реч |
Language:
Македонски |
Year:
2007
Original title:
Prawiek i inne czasy |
Num. of pages:
329 |
Dimensions:
120х170
|
Cover:
мека
Добитник на највисоката награда во Полска НИКЕ и на сите други книжевни награди во Полска. Нестандардно напишан, но извонреден роман. Правек се нарекува имагинарниот свет што го создала Олга Токарчук во својот роман. Тоа е едно просечно полско село, но во исто време и центар на универзумот, еден жив човечко-животински-растителен организам којшто се бори, преживува и се врти во постојаниот процес на изумирање и преродување. Приказната за Правек претставува приказна за човештвото. Токарчук во овој роман создава неприкосновено единство меѓу мислата и материјата, објективното и субјективното, природата и цивилизацијата, филозофијата и секојдневниот живот, промените и повторливоста.Во овој роман центарот на вниманието се сложените судбини на ликовите, а сврзувачкото ткиво, елемент на кој му се потчинуваат животните истории на сите суштества, е времето. Она што плени во стилот на Олга Токарчук е нејзината чиста мисла, лесниот тек на приказната, култивираниот стил и употребата дури и на старовремски методи на раскажување и исклучително поетичен јазик на реализмот.
Questions and Answers
You are not logged in