Човекот што ги сакаше калинките

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Човекот што ги сакаше калинките | Бр. на страни: 128 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Награда „Роман на годината за 2010“ на Утрински весник. „Човекот што ги сакаше калинките“ е роман за љубовта и храброста, за зависта и омразата, за величината и подлоста. Тоа е роман за судбината на кукушката чета за време на илинденскиот период и за нејзиниот војвода Крсто Асенов, за борбите и херојствата, за раздорот и поразот. Пишуван врз база на историски податоци, односно за автентичен и вистинит настан, „Човекот што ги сакаше калинките“ обилува со малку познати детали од борбите во Кукушко и Арџанскиот Ѓол, но и со вистински факти за индивидуалната судбина на војводите чиишто имиња одамна се дел од илинденските легенди. Тоа е роман за идеализмот, но и за напуштеноста и осаменоста, истовремено и за достоинството пред лицето на смртта.„Читателот на овој убав роман, пишува Благоја Иванов во поговорот, е постојано обземен од сказната, која на почетокот е интонирана со полетност – а при крајот со трагичност, онака како што се случува тоа со подемот и падот на восхитот кај Крсто Асенов, како и со востанието. Убавото и функционално кажување на опитниот автор, со надградување на историските податоци, со психолошко градење на ликовите – ја прави оваа проза мошне динамична и возбудлива, во која има една изразита внатрешна напнатост.“
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

0 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Човекот што ги сакаше калинките

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-060-1

Questions and Answers

You are not logged in