Мистерии
Автор:
Кнут ХАМСУН
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Mysterier |
Бр. на страни:
340 |
Димензии:
145x200
|
Корица:
мека
Мистерии е приказна за ексцентричниот аутсајдер Јохан Нагел, кој пристигнува во еден норвешки крајбрежен град и предизвикува низа необични и мистериозни настани. Одличен познавач на бруталните аспекти на човечката природа, Нагел со своето однесување ги вознемирува жителите на градот, откривајќи ги нивните најмрачни инстинкти и потиснати желби. Истовремено арогантен и скромен, праведен и неморален, тој успева да ја заведе целата заедница превртувајќи ја на глава, пред да исчезне исто онолку неочекувано како и што се појавува. Мистерии, најзначајната книга на нобеловецот Кнут Хамсун, е еден од првите егзистенцијалистички романи, вешта комбинација од психолошки портрет и општествена анализа. Ова е текст за суровото продирање во човечките длабочини,ефективен приказ на опседнатоста на авторот со односот меѓу општественото лицемерие и личната чесност.
Questions and Answers
You are not logged in