ВРЕМЕ НА ТИВКИ РАЗГОВОРИ

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Le Temps des mots à voix basse | Бр. на страни: 60 | Димензии: 200x130 | Корица: /

/

Новелата за млади и возрасни „Време на тивки разговори“ (2001) е поетска проза за пријателството. Делото претставува ретроспективен опис на минатото, каде што нацизмот воопшто не е директно споменат, но е осудуван преку слики, метафори и со атмосферата што постепено станува сè потешка. Приказната ги нагласува улогата на јазикот и неговата манипулација што води до нетолерантност и до неприфатливост. Делото нуди интересна дихотомија меѓу поезијата, литературата, љубовта спрема пријателот (човекот) и нацизмот.

За „Време на тивки разговори“, кое е преведено на многу јазици, Ан-Лиз Гробети, во 2001 година, ја доби наградата „Сент Егзипери“, а подоцна и наградата „Сорсиер“.

Оскар и јунакот на приказната се вистински пријатели – како и нивните двајца татковци, вљубеници  во добрата поезија кои ги врзува длабоко пријателство, кои сакаат да се смеат и да зборуваат до доцна во градината, да цитираат возвишени стихови на големи поети, а потоа и своите стихови... Но еден ден сè ќе се смени... 

Оваа новела е своевидна лирска балада за вистинското пријателство.

Рангирано 5.00 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 100 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product ВРЕМЕ НА ТИВКИ РАЗГОВОРИ

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-78-4

2 оценки за ВРЕМЕ НА ТИВКИ РАЗГОВОРИ

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    Мала книга, брзо се чита а долго се памети. Ретко убава книга за пријателството.

  2. Rated 5 out of 5

    Kikiland

    WOW…. Чест на исклучоците, но сеуште стојам зад моето „ВО МАЛИТЕ КНИГИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИКАЗНИ“. Така беше и сега. Обично некако инстинктивно пуштам музика според насловот … сега беше „Времето на тивки разговори“ … а јас го пуштив, кој друг ако не, Stephane Grappelli …. затоа што бев сигурна дека неговата виолината ќе ги прегрне овие тивки разговори …. ќе го прегрне моето срце, во време на тешката човечка болка. И така беше, навистина ви викам. Каква поезија во проза. Започнува нежно како детството … а завршува сурово со човековата глупост … живее само вистинската љубов, само таа преживува се …. па и кога физички не сме присутни. Рекле зборовите се најсилното оружје. Тие почнуваат да го копаат јазот. Тие се виновни за поделбите меѓу луѓето. „Грозоморните дела само ќе го докрајчат влијанието на варварските зборови. Потоа ќе дојде месецот кога и самиот збор ќе умре. Ќе има само насилство што зборува без ништо да каже. Секогаш е така. Постојано истите стари реферати на беда. ” АМА Антон, пријателот за навек вика: ” Никогаш не заборавај дека во зборот безнадежност се содржи целиот збор НАДЕЖ.” <3

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in