Меланхолија на отпорот

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Меланхолија на отпорот | Бр. на страни: 413 | Димензии: 12x20 cm | Корица: /

Mоќен надреалистички роман во гогољевски манир за хаотичните збиднувања што го следат пристигнувањето на необичниот циркус во еден мал унгарски град.

Во своето култно дело Меланхолија на отпорот Ласло Краснахоркаи ги раскажува низата мистериозни настани што потресуваат едно заспано унгарско гратче. Циркусот кој ветува дека ќе го прикаже препарираното тело на најголемиот кит на светот пристигнува среде глува зима и предизвикува бизарни озборувања кај мештаните. Се шепоти дека циркусантите имаат злокобни намери, а преплашените жители се фаќаат за секаков феномен во кој наоѓаат привиден спокој – музика, космологија, властољубие. Ликовите во романот се незаборавни: злобната г-ѓа Естер, која крои планови да го заземе градот; нејзиниот маж слабак кој се повлекол од светот; кревкиот Валушка со главата во облаци, кој е наедно и херојот во книгата, единствената чиста и благородна душа...

Компактен, моќен и неизвесен, Меланхолија на отпорот е „нарација што тече бавно како лава, во пространа темна река“. А сепак, за чудо, овој роман, како што пишува Гардијан, „го вивнува читателот до месечевите височини.“

Цена: 450 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Меланхолија на отпорот

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-396-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Меланхолија на отпорот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in