Портрет на уметникот во младоста

Издавач: Конгресен Сервисен Центар | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 235 | Димензии: 21 цм | Корица: мека

/Првиот роман во опусот на Џејмс Џојс „Портрет на уметникот во младоста“ е печатен во продолженија во списанието „Егоист“ во текот на 1914 и 1915. Во овој период Џојс се запознава со поетот Езра Паунд, познат како голем подвижник и иноватор во англиската и европската литература. Со негова помош го печати романот прво во Њујорк во 1916, а потоа во Лондон во 1917 година.

Веројатно најважен наратолошки аспект на романот е иновативната употреба на техниката позната како „тек на свеста“.

Темата на урбаниот живот во градот, отвореното зборување за сексуалноста, миметичката употреба на јазикот кој го следи расположението на главниот лик, поврзаноста со митот, користењето на епифанија во моментот на трансформација на ликот, интересот за слободата на индивидуата спроти интересите на заедницата, сето тоа го прави Портретот на уметникот во младоста камен темелник на модернизмот во англиската и светската литература. Од него учат сите модернисти и пост-модернисти во XX и XXI век. За Џојс и неговото книжевно дело се напишани стотици критички дела од 1916 година па сè до ден-денес. „Во своите дела поставив толку многу енигми и загатки што професорите ќе имаат со што да се занимаваат со векови“, изјавил самиот Џојс.

 

Зоран Анчевски

Цена: 315 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Портрет на уметникот во младоста

Категорија:
ИСБН: 9786084694519

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Портрет на уметникот во младоста”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in